Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез по завршувањето на вечерашниот натпревар, во кој што Македонија одигра нерешено со актулениот европски првак Германија, изјави дека е задоволен по ремито и горд на своите избраници.
– Многу сум задоволен и среќен. Одигравме одличен меч. Имавме и ние притисок затоа што сакавме да бидеме први во групата. Нема што да кажам повеќе, се е супер. Денеска треба да уживаме. Имаме три бода во втората фаза, но одиме чекор по чекор. Јас сум горд на овие момци како играа и како се бореа, изјави Гонзалез по натпреварот.
Шпанскиот стратег изјави дека и двете селекции можеле да стигнат до победата, дека се играла интензивна одбрана.