Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез, го објави поширокот список на ракометари за престојното СП во Германија и Данска.
„Жолто-црвените“ се наоѓаат во групата „Б“ со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги играат во Минхен.
Македонија натпреварите ги започнува на 11 јануари против репрезентацијата на Јапонија, потоа на 13 јануари противник е Бахреин, ден подоцна Хрватска, на 16 јануари сениорите играат против Шпанија, во последното коло противник на Македонија е репрезентацијата на Исланд.