Распродадени влезниците за дуелот Македонија – Исланд

Од:

Трибините на ВИП Арена во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат исполнети до последното место за натпреварот меѓу ракометните селекции на Македонија – Исланд. На еден ден пред почетокот на натпреварот, продадени се сите влезници за дуелот.

Поради големиот интерес за натпреварот, а и од безбедносни причини, организаторот упатува апел сите кои имаат влезници, да дојдат порано, за уредно да го најдат своето место за седење. Утре, на денот на натпреварот, вратите во салата ќе бидат отворени од 18:30 часот, а ќе се затворат во 19:45 часот.

Почетокот на натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2018 меѓу Македонија и Исланд е закажан за 20:00 часот.

Би можело да ве интересира

Време е за промена: Младите фудбалери и вторпат поразени од Косово

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Женската фудбалска репрезентација ги доби ривалките во квалификациите за Светскиот куп

Жарко Настоски

Алиоски: Издржавме се, победивме репрезентација со голема фудбалска историја

Катерина Ѓуровски

Реакции во Германија: Срам, бламажа, разочарување, добро што Лев ќе си замине по ЕП

Катерина Ѓуровски