Рамос: Утре повторно ќе имаме состанок со „историјата“

Од:

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид е подготвен за претстојниот меч против Манчестер Јунајтед во УЕФА Супер купот.

„Кралскиот тим“ во Скопје допатува во најсилен состав, во кој е и првата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо. Капитенот на тимот, Серхио Рамос, вели дека утре Реал Мадрид ќе има состанок со „историјата“.

„Чувствувам голема гордост што сум капитен на овој тим. Привилегија е да се биде капитен на Реал Мадрид. Утре повторно имаме состанок со историјата. Мораме да се потсетиме дека ова е финале на победникот на ЛШ и ЛЕ. Имаме можност да освоиме уште еден трофеј што би го посветиле на нашите навивачи и следбеници. Навистина би сакале утре да го однесеме трофејот во Мадрид“, изјави Рамос на прес конференцијата.

Рамос потенцира дека присуството на Роналдо во тимот е од голема важност и дека Реал е друг кога тој е во составот.

„Кристијано е многу важен играч во нашиот тим. Мислам дека е важно што тој е тука со нас во тимот. Други сме кога е тој тука со нас, без разлика дали игра или не. Поскоро би сакале личните и приватните прашања да ги оставиме на страна и да се фокусираме на мечот“, додаде Рамос.

Реал Мадрид ќе атакува на четвртиот трофеј во Супер купот, а воедно втор во низа откако лани во ова натпреварување ја победија Севиља.

Би можело да ве интересира

Недановски: Вардар е подготвен за Суперкупот

Ливерпул го освои Суперкупот на Европа по голема драма и пенали

Четири екипи ќе играат во шпанскиот Суперкуп 2020

Јавното обвинителство се спогодило со петте приведени лица за препродавање билети за Суперкупот

Наум Локоски

Ѓорѓиоски: Скопје и Македонија неколку дена беа центар на светската спортска јавност

Наум Локоски

Реал Мадрид ја одбрани титулата во Суперкупот на УЕФА

Наум Локоски