Цунами во Јувентус: Ањели и компетното раковдство поднесоа оставки

Од:

Сите директори на Јувентус денеска поднесоа оставки и си заминаа од функцијата. Претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене го напуштаат клубот. Со нив клубот го напуштаат голем број директори и помали функционери, а тоа се Лоренс Дебро, Масимо Дела Рагионе, Катрин Финк, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо, Џорџо Такија и Сузан Кејвуд.

Клубот е обвинет дека на сомнителен начин остварил приходи во 2018, 2019 и 2020 година. Под истрага се 16 лица, сегашни и поранешни вработени во клубот, а имињата кои најмногу се издвојуваат се Андреа Ањели, Павел Недвед и Маурицио Аривабене, луѓе кои денеска го напуштија клубот.

Зад се стојат тајните документи кои клубот ги потпишал со Кристијано Роналдо за време на пандемијата на коронавирус. Според „La Gazzetta dello Sport“, Јувентус на својот тогашен напаѓач му ветил исплата во износ од 19,9 милиони евра, што според обвинителството не било наведено во финансиските извештаи на клубот.

Јувентус вети дека ќе ја плати споменатата сума на Роналдо дури и ако тој го напушти клубот пред крајот на договорената соработка, што португалскиот напаѓач го направи со заминувањето во Манчестер Јунајтед. Во времето на пандемијата, Јувентус најави големи намалувања на платите, а подоцна потврди дека поради финансиски проблеми им ги ускратил на играчите приходите што требало да ги добијат за четири месеци.

Обвинителството се обидува да докаже дека тоа не е точно, дека постојат поединечни необјавени документи меѓу клубот и играчите, односно дека се фалсификувани сметките на клубот, за годините 2019, 2020 и 2021 година. Пронајден е токму таков документ дека Роналдо потпишал со торинскиот гигант. La Stampa претходно напиша дека Роналдо одбил да даде изјава во обвинителството кога го прашале за контроверзниот документ.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ