Ракометарките совладани и од Чешка

Од:

Македонската женска ракометна репрезентација на домашен терен беше надиграна од Чешка со 29:37 (14:14), и практично ги загуби шансите за пласман на Европското првенство.

По првото полувреме, избраничките на селекторот Симе Симовски имаа нерешен резултат, но немаа сили за подвиг. Средината на второто полувреме беше клучниот период во кој Чешка почна резултатски да се одлепува, и на крајот гостинките извојуваа и убедлива победа.

Во другиот меч од групата, Шведска ја растури Португалија со 38:19.

Наредните натпревари за „црвено-жолтите“, на гости и дома со аутсајдерот Португалија, се играат во март следната година, додека квалификацискиот циклус ќе се комплетира кон крајот на мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска