Француската ракометна репрезентација ќе има можност да го барни златниот медал на Олимписките игри.
Во полуфиналето синоќа во Рио, Французите ја совлада селекцијата на Германија со 29:28 (16:13). Триумфот на „триколорите“ им го донесе Даниел Нарсис во последната секунда.
Токму Нарсис беше најефикасен во редовите на победниците со седум постигнати голови. За Германија Уве Геншмејер погоди 11 пати.
Франција во финалето ќе игра со Данска која ноќеска дури по продолженија ја совлада Полска со 29:28.