Велосипедистот Рајдер Хесједал од тимот на Гармин е победник на 95. „Трка околу Италија” и стана прв Канаѓанец во историјата кој победи на една од најпрстижните трки на светот.
Иако Хесједал на последната 21. етапа влезе со негатива од 31 секунда зад Хоакин Родригез од Катјуша, успеа со одлично возење на хронометар да го надополни заостанувањето и да зголеми за 16 секунди.
Вкупното време на победникот на овогодинешното издание на Џиро е 91 час, 39 минути и две секунди.
Трет во генералниот пласман заврши Белгиецот Томас де Гент со минута и 39 секунди заостаток.
Марко Пиноти е победник на последната етапа, а ова е прв пат по 1995 година да нема ниту еден Италијанец на подиумот, Скарпони и Басо завршија на четвртото односно петото место.
Конечен пласман:
- Хесједал 91:39,02 часа
- Родригес +16 секунди
- Де Гент +1,39 минута
- Микеле Скарпони (Италија) +2,05
- Иван Басо (Италија) +3,44
- Дамијано Кунего (Италија) +4,40
- Ригоберто Уран Уран (Колумбија) +5,57
- Доменико Поцовиво (Италија) +6,28
- Серхио Монтоја (Колумбија) +7,50
- Микел Нијеве (Шпанија) +8,08
[nggallery id=39]