По 27 последователни натпревари, во кои Кими Раиконен завршуваше во топ 10, дојде редот на неговата омилена ГН на Белгија, каде не успеа да заврши.
Уште од почетокот на трката се гледаше како чади нешто од неговиот боилд при секое притискање на педалата.
Додека водеше битка со Фелипе Маса сопирачките на Лотус за момент целосно откажаа и Кими сам зеде одлука директно да се повлече во боксот.
Тоа всушност е и првото откажување на Раиконен откако се врати во Формула 1 минатата година.