Финецеот Кими Раиконен се разделил од сопругата Џени Далман, со која беше во брак повеќе од осум години, a информацијата ја потврди личниот асистент на возачот на Лотус Рено, Рику Куваја
Џени веќе извесно време не живее во заедничката куќа во Швајцарија, за која што Раиконен издвои 30 милиони евра, рече тој.
Раиконен и Далман се сретнаа во 2001 година, на избор за убавина на кој што Џени беше избрана за „Мис Скандинавија“. Наскоро тие почнаа со врска, која што во летото во 2004 година беше крунисана со брак.