Раиконен сака побрза и поопасна Формула 1

Од:

Возачот во Ф1-тимот на Ферари, Кими Раиконен, смета дека натпреварувањата во Формула 1 треба да бидат „малку побрази и поопасни“, за овој спорт повторно да стане интресен и атрактивен за публиката, пренесува „Автоспорт.ком“.

„Кога првпат дојдов во Ф1, овој спорт беше многу повозбудлив за сите“, рекол Раиконен во интервју со Жан Алези на „Канал плус“.

Финецот смета дека нешто мора да се направи за гледањето Ф1 „да биде повозбудливо“ и дека мора „да се цени брзината“.

„Тоа е дел од играта. Ние не сакаме да видиме никого повреден, но опасноста ги прави работите малку повозбудливи“, рекол Раиконен.

Иако не е првпат Раиконен да искаже несогласувања со одредни аспекти на Формула 1, тој сепак ужива во времето што го поминува во тимот на Ферари.

Останува да се види дали ледениот Финец ќе вози за тимот на Ферари и наредната сезона. Според договорот што го има со италијанскиот тим, тој може да ја продолжи соработката и во 2016 година, доколку на тоа се согласат двете страни.

„Има многу добри тимови во Ф1, но Ферари е поинаков од сите“, рекол Раиконен.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он