Кими Раиконен е на пат да подобри еден од многуте рекорди на Михаел Шумахер во Формула 1. Ако Кими заврши во топ 10 во Канада, тој ќе ја израмни серијата на Шумахер од најмногу финиши во зоната на поени во серија – 24 последователни трки.
Но да потсетиме дека порано се бодуваа првите 6 на финишот, а сега првите 10.
Интересно е дека серијата на Шумахер заврши на почетокот за ГН на Малезија во 2003 година, а тоа беше првата победа на Кими Раиконен во неговата кариера.
„Нема да биде лошо да се подобри постигнувањето, но не ми е цел сама за себе. Во Канада трките секогаш се возбудливи и дури опасни и често фаворитите можат да отпаднат таму. Па затоа, најважно е да ја завршам трката”, објасни Раиконен.