Раиконен: Лесно ќе завршев прв ако не беше сообраќајот

Од:

Според финскиот пилот на Ферари Кими Раиконен, сообраќајот на крајот на денешните квалификации го лишил од сигурна пол-позиција за утрешното Гран При на Унгарија.

Кими остана трет, а на самиот крај пилотите на Мерцедес Луис Хамилтон и Валтери Ботас сепак успеаја да го подобрат неговото време излегувајќи подоцна на малку посува патека.

Инаку Раиконен се претстави многу силно на мократа патека „Хунгароринг“ и беше побрз од клубскиот колега Себастијан Фетел, кој остана четврти.

– Вистината е дека денес немав среќа. Во принцип никогаш не барам оправдување, но тоа е вистината и ако не беше густиот сообраќај за време на мојата последна квалификациска обиколка, јас со леснотија ќе ја освоев пол-позицијата, убеден е Раиконен.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ