Кими Раиконен вчера беше голем победник токму на патеката од која што се повлече од спортот на крајот од 2009-та.
19-та победа во Ф1 кариерата на Раиконен по што му недостасува една за да се изедначи со неговиот сонародник Мика Хакинен, кој што е најуспешниот Гранд При возач што го дала неговата татковина.
Истото така ова беше 15-то последователно финиширање во поени за возачот на Lotus F1.
Раиконен победи по точно 3 години и 66 денови. Ова е 13-от по должина интервал во историјата на Формула 1 помеѓу две Гранд При победи на еден возач, најдолгиот е на Рикардо Патрезе и изнесува 6 и пол години помеѓу неговата победа во Јужна Африка во 1983-та и онаа во Сан Марино во 1990-та.
Ова исто така беше 80 Гранд При победа за брендот Lotus и првата што не е постигната со оригиналнот тим на Lotus. Последната победа за овој тркачки бренд се случи пред повеќе од 25 години кога Аиртон Сена победи на Гранд При трката во Детроит возејќи го болодот Lotus Honda 99T.
Во текот на оваа сезона шест различни тимови победија на Гранд При трка: McLaren, Ferrari, Mercedes, Red Bull, Williams и Lotus. Ова за последен пат се случи во 1983-та, кога на највисокото скалило од подиумот се искачија возачи од тимовите Ferrari, McLaren, Williams, Brabham, Renault и Tyrrell.