Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник е разочаран од елиминацијата во четвртата рунда, во ФА купот. Мидлсброу, по осум пенал серии, ги исфрли Јунајтед на „Олд Трафорд“. Дуелот по 120 минути игра заврши 1:1.
Манчестер јунајтед не ги искористија своите шанси во регуларниот тек од натпреварот. Роналдо промаши пенал во 20.минута, а Бруно Фернандеш во финишот наместо празниот гол ја погоди стативата.
„Мораме подобро да ги реализираме шансите. Самите сме виновни, не требаше да дозволиме да има продолженија и пенали. На пример шансата на Бурно, во десет такви ситуации девет пати би постигнал гол, сега ја погоди стативата“, рекол Рангник.
„Разочаран сум. Мислам дека изминатите неколку недели игравме добро. Не можевме да бидеме подобри од ова, требаше само да постигнеме уште некој гол. Сите сме разочарани“.