Радуловиќ: Далеку сме од идеалната форма, претстојната сезона ќе нема изразит фаворит

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ, синоќа ги предводеше аеродромци до победа над Работнички (79:78) и до четвртиот трофеј во кошаркарскиот Суперкуп. По натпреварот, тој посочи дека неговиот тим е далеку од идеалната форма и дека не се сметаат за изразити фаворити во новото првенство.

– Заслужено го победивме овој натпревар, но далеку сме од идеалното, не сме изразит фаворит, но МЗТ е МЗТ, шампионска екипа. Беше прв официјален за нас, беше прв и за Работнички на почетокот на новата сезона, затоа и е помалку нормално емоциите да бидат нагоре-надолу. Резултатски гледано, искрено можеби ние не очекувавме Работнички да се претстави во едно вакво, одлично светло. И дефинитивно ќе бидат сериозен противник во текот на сезоната. Оваа сезона лигата има доста квалитетни екипи со сериозни, со широки ростери. Ќе биде многу интересна сезона, истакна Радуловиќ.

Новото првенство почнува следниот викенд, а МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја почне во Битола против Пелистер.

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје Аеродром ја освои 11 шампионска титула

Пораз на МЗТ Скопје од Партизан со неверојатни 53 поени разлика

МЗТ Скопје Аеродром потпиша со талентираниот Андреј Андоноски

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он

Рикиќ: Ќе дадеме сѐ двојната круна да остане во Аеродром

А1он

Осми шампионски трофеј за МЗТ Скопје Аеродром

Катерина Ѓуровски