Работнички со рутинска победа над вториот тим на МЗТ

Од:

Работнички како гостин го победи МЗТ Скопје Уни банка со 89:72 во првиот од двата денешни меча во салата „Јане Сандански“, во рамките на првата кошаркарска лига.

Работнички во финишот на третата четвртина ја создаде клучната предност, која му овозможи мирна завршница против најмладиот тим во лигата и единствениот игра без странци и кој уште нема победа. Лесколт со 26 и Бенџамин со 18 поени, беа најефикасни кај Работнички, додека Мијатовиќ направи дабл-дабл од 11 поени и 10 скока.

Десеттото коло завршува вечерва, со дуелот на првакот МЗТ Скопје Аеродром и Кожув. Гевгеличани со три порази во моментов се еден од четирите најблиски предизвикувачи на лидерот МЗТ кој има два загубени меча сезонава.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он