Работнички со гостинска победа против Ренова

Од:

Откако во средата го совлада фаворитот Вардар, тимот на Работнички попладнево забележа уште една победа во македонскиот фудбалски шампионат. На гостувањето кај Ренова „романтичарите“ славеа со 2:0.

Двоен стрелец во победата на Работнички беше Баже Илијоски во 53 и 87.минута.

Другите пет дуели од 24.коло на Првата македонска фудбалска лига се играат утре.

Лидерот Вардар гостува кај Брегалница, Турново во Битола ќе се обиде со евентуален „кикс“ на Вардар да избие на чело на табелата. Силекс на домашен терен ќе бара бодови за задржување на шансите за опстанок. Тетекс во градското дерби ја има улогата на домаќин против Шкендија.

Двојки за утрешните натпревари: (почеток 16 часот) Дрита – Металург, Брегалница – Вардар, Силекс – Напредок, Пелистер – Хоризонт Турново и Тетекс – Шкендија.

Табела: Вардар 45 бодови, Турново 43, Металург 41, Работнички 36, Шкендија 35, Напредок 35, Ренова 34, Брегалница 28, Дрита 27, Пелистер 25, Силекс 18 и Тетекс 16.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска