Работнички се поблиску до нова титула

Од:

Фудбалерите на Работнички по денешната победа над шампионот Вардар се поблиску до освојување на шампионската титула. За разлика од нив Вардар ги загуби шансите за одбрана на титулата.

Работнички во дербито на 31. коло славеше со 3:1, а првите два гола ги постигна Борче Маневски во 38.минута и 45. минута. Вардар намали преку Филип Петров во 70.минута, а конечните 3:1 ги постави Баже Тодоровски 81. минута.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Брегалница – Металург 0:1, Еуромилк – Напредок 4:1, Македонија ЃП – Гостивар 2:1, Шкендија – Ренова 5:0 и Хоризонт Турново – Пелистер 1:0.

Табела: Работнички 59 бодови, Хоризонт Турново 57, Металург 56, Вардар 52, Шкендија 51, Пелистер 51, Брегалница 42, Ренова 40, Еуромилк 38, Македонија ЃП 32, Напредок 14, Гостивар 14.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска