Работнички ќе тестира со Динамо Загреб, Сараево, Триглав и Домжале

Од:

Експедицијата на ФК Работнички веќе втор ден е во базата Терме Чатеж во Словенија одработувајќи ја втората фаза од летните подготовки. Во овој период фокусот ќе биде ставен и на одигрување пријателски натпревари.

– Закажани се четири тестови со квалитетни ривали. На 23 јуни Работнички ќе одигра пријателски натпревар со хрватскиот шампион Динамо Загреб, два дена подоцна ќе следи со босанскиот клуб Сараево. На 28 јуни ривал ќе биде словенечкиот прволигаш Триглав, а серијата тестови во Словенија ќе заврши со Домжале, објавија „Романтичарите“ на својот официјален сајт.

Работнички на 1 јули се враќа во Македонија и ќе продолжи да се подготвува на домашно тло за дуелите против унгарскиот Хонвед, во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска