Работнички изби на лидерското место во ПМФЛ

Од:

Во првиот натпревар од 10.коло на Првата македонска фудбалска лига екипата на Работнички на стадионот „Ѓорче Петров“ во Скопје ја совлада гостинската екипа на Брегалница со 3:0 и се искачи на врвот на табелата.

Борче Маневски во 5.та и Крсте Велковски во 12.минута и 88.минута беа стрелците за „дебармаалци“.

Со овој триумф Работнички се изедначи со Пелистер на врвот на табелата пред одигрувањето на останатите пет средби од 10.рунда закажани за утре.

Двојките се: Гостивар – Ренова, Металург – Турново, Напредок – Македонија ЃП, Пелистер – Вардар и Шкендија – Еуромилк.
Почетокот е во 15 часот.

Табела: Работнички 16 бобови (натпревар повеќе), Пелистер 16, Металург 15, Брегалница 15 (натпревар повеќе), Турново 14, Вардар 14, Ренова 14, Шкендија 11, Македонија ЃП 9, Еуромилк 7, Напредок 6 и Гостивар 6.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска