Фудбалскиот клуб Работнички му го честиташе 120. роденден на Јувентус. Генералниот секретар Ненад Монев беше поканет на натпреварот Јувентус – Беневенто кој се одигра во неделата, како и на прославата на клубот.
За таа пригода Монев им го честиташе роденденот на Јувентус со шише вино, специјално полнето и брендирано за овој роденден од винарската визба „Тиквеш“.
Подарокот го прими потпретседателот на „старата дама“, Павел Недвед.
– Беше чест да се биде дел од роденденското дружење таа вечер во Торино, со претседателот на клубот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и со колегата Генерален секретар на Јувентус, Маурицио Ломбардо“, изјави Монев за клупската веб страница.
Овие денови се одржува првиот дел од напредната менаџмент програма на ЕКА, првиот модул на кој домаќин е токму Јувентус.