Работнички го совлада Напредок

Од:

Денеска во Првата македонска фудбалска лига во терминот од 14:00 часот беа одиграни пет натпревари, во кој беа остварени две победи на домаќините еден нерешен резултат и две победи на гостинските екипи.

Како што најавија од екипата на Работнички дека нивниот клуб во пролетниот дел од шампионатот ќе има поразлична улога во првенството и дека ќе покажува подобри игри тоа и се остварува. Втора победа по ред за тимот од Дебар Маало овој пат на гостински терен во Кичево против екипата Напредок, Работнички успеја да слави со резултат 2:0.

На гостите од Скопје им беа потребни 75. минути да го скршат отпорот на Работнички, кога Крсте Велковски му донесе предност на неговиот тим од 0:1. Во последните мигови од натпреварот истиот фудбалер постигна уште еден погодок и ги постави конечните 0:2, со што екипата на Работнички запиша уште три бода на своето конто и се искачи на шестата позиција на табелата.

Ренова на домашен терен му нанесе нов пораз на Металург. Тимот од Автокоманда продолжува со лошите резултати откако во првиот натпревар од пролетниот дел од шампионатот ремизираше на домашен терен против Тетекс, денес на гостински терен во Тетово, Металург забележа пораз од екипата на Ренова со резултат 1:0. Стрелец на победничкиот погодок за домаќините беше Ерсан Сали во 56. минута.

Резултати на натпреварите од ПМФЛ:

Ренова – Металург 1:0
Напредок – Работнички 0:2
Тетекс – Брегалница 0:2
Дрита – Пелистер 1:1
Турново – Силекс 3:1

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска