Во првиот натпревар од 8.коло од Првата македонска фудбалска лига, екипата на Работнички го победи Турново со 5:3 и барем 24 часа изби на втората позиција на табела пред одигрувањето на утрешните дуели од овој круг.
Головите за Работнички ги постигнаа Борче Маневски 21.минута, Крсте Велковски 25. и 41. (двата од пенал), Томе Петров 55. автогол и Кире Маркоски 83., а за гостите од Турново погодија Дејан Блажевски 33. од пенал и Музафер Ејупи 51. и 78.
На другите пет дуели од 8.коло утре играат: Брегалница – Ренова, Гостивар – Македонија ЃП, Металург – Еуромилк, Напредок – Пелистер и Шкендија – Вардар. Табела: Брегалница 14 бодови, Работнички 13, Вардар 12, Ренова 12, Пелистер 12, Турново 11, Металург 9, Шкендија 7, Еуромилк 6, Македонија ЃП 5, Напредок 5 и Гостивар 5.