Фудбалерите на Работнички ја остварија деветтата победа во македонското првенство откако во првиот натпревар од 21.коло одигран попладнево на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје го победија последнопласираниот Тетекс со 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше Баже Илијоски во 52.минута.
Другите натпревари од оваа рунда се играат утре, а двојките се: Напредок – Хоризонт, Брегалница – Ренова, Металург – Вардар, Шкендија – Дрита и Пелистер – Силекс.
Табела: Вардар 42 бода, Хоризонт 38, Напредок 34, Металург 32, Работнички 30, Брегалница 27, Ренова 27, Шкендија 26, Дрита 42, Пелистер 21, Силекс 18, Тетекс 13.