По вчерашните информации за понудата од 100 милиони евра на Монако упатена до Кристијано Роналдо, денеска во Англија излегоа информации дека Пари Сен-Жермен е подготвен да плати троцифрен милионски износ европска валута за ангажман на фудбалерот Герет Бејл од Тотенхем.
Според „Дејли Меил“ претседателот на францускиот шампион ПСЖ Насер ел Келаифи, планира како екстра засилување во Париз да го доведе Бејл и затоа нема да жали да потроши 100 милиони евра.
Англискиот премиерлигаш како откупна клаузула за Бејл одреди неверојатни 116 милиони евра.
За услугите на велшкиот репрезентативец освен ПСЖ заинтересирани се и Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Сити.
Кој ќе биде првиот фудбалер за кого ќе се плати троцифрена милионска сума и дали тоа ќе се случи во летниот преоден рок ќе покаже времето.