Првпат параглајдерски куп кај Трескавец

Од:

Нова платформа за параглајдерство, проект на УСАИД и општина Прилеп за експанзија на малите бизниси беше промовирана денеска кај Трескавец. Воедно се одржа првиот куп „Прилеп опен 2914“ со 83 учесници од Албанија, Косово, Бугарија и од Македонија.

На манифестацијата присуствуваа и ја отворија американскиот амбасадор Пол Волерс и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Според амбасадорот Волерс, кој рече дека ќе лета во тандем со параглајдер за да го види Прилеп од „птичја“ перспектива, што според него, е добро за активниот туризам не само во Прилеп, туку и во Македонија.

– Многу сум среќен што сум тука и среќен што ќе го видам Прилеп од птичја перспектива. Многу е добро ова што се работи преку проектот за експанзија на малите бизниси и го развива активниот туризам, како и капацитетот на Македонија. Тоа што е добро за Прилеп, е добро за Македонија, изјави Волерс.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, во иднина од овој терен ќе може да се одржуваат европски и светски купови во параглајдерство.

– Платформата ги задоволува европските и светските стандарди. Прилеп се етаблира во центар на екстремните спортови со мотоциклизмот и со болдерингот. Со овој натпревар ја затвораме сезоната на првенствата во екстремните спортови, изјави Ристески.

Организатори на натпреварот се клубовите „Скајрајдерс“ и „Делта“. Претставникот на клубовите, Златко Спиркоски нагласи дека е задоволен од одѕивот на параглајдеристите – учесници.

– Бројката е навистина за почит. Имаме 83 натпреварувачи во дводневниот куп како за европски и светски куп. Со ова прилепските параглајдеристи добиваат полетиште до градот и може да тренираат за да постигнат повисоки резултати во иднина, рече Спиркоски.

Во иднина сите туристи кои доаѓаат ќе може да закажат атрактивна тура и да летаат со параглајдер.

Би можело да ве интересира

Параглајдерист од Швајцарија тешко повреден при пад во прилепско

Во Крушево налето ново првенство во параглајдерство

Жарко Настоски

Падобрански куп во прецизно слетување „Скопје 2020“

Ана Ололовска

Вечерва отворање на 16-то Светско првенство во параглајдерство

Крушево домаќин на ФАИ Светско првенство во параглајдерство

Ана Ололовска

Крушево со многу параглајдеристи од Европа, во тек е Крушево Озон опен

Ана Ололовска