Косовската џудистка Дистриа Красниќи стана првиот спортист од Европа со златен медал на Олимписките игри во Токио, откако триумфираше попладнево во категоријата до 49 килограми.
Красниќи, која е актуелен европски првак, во олимпиското финале ја совлада јапонската претставничка Фуна Тонаки.
За Косово е второ олимписко одличје во историјата и втор златен медал. Првиот пред пет години, исто така, во џудо го освои Мајлинда Келменди во категоријата до 52 килограми.