Прволигашите го играат 5. коло

Од:

Фудбалските прволигаши попладнево ќе ги одиграат натпреварите од 5.коло од најквалитеното натпреварување кај нас.

Шампионот Вардар по серијата слаби резултати го очекува тежок натпревар бидејќи во Скопје ќе гостува Брегалница која се наоѓа на второто место. Лидерот на табелата Хоризонт Турново ќе гостува кај последнопласираната екипа Македонија ЃП, која и натаму без освоен бод.

Двојките од 5.коло се:
Вардар – Брегалница,
Македонија ЃП – Хоризонт Турново,
Еуромилк – Ренова,
Шкендија – Работнички,
Напредок – Гостивар и
Пелистер – Металург.

Почетокот на сите натпревари е во 17 часот.

Табела: Хоризонт Т. 10 бодови, Брегалница 10, Пелистер 7, Металург 6, Вардар 5, Еуромилк 5, Ренова 5, Работнички 5, Гостивар 4, Шкендија 3, Напредок 2, Македонија ЃП 0.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска