Прво македонско дерби оваа сезона БИБЛ лигата

Од:

Во домашното првенство се уште не се игра кошарка, но затоа пак, македонските претставници во регионалната Балканска лига (БИБЛ), денеска и утре ги продолжуваат своите настапи.

Вечерва во БИБЛ лигата ќе се игра првото македонско дерби во кое екипата на Куманово ќе биде домаќин на Кожув од Гевгелија. Овој натпревар кој е во рамките на А групата ќе започне од 19 часот.

Во истиот термин во Никшиќ кај Сутјеска ќе гостува екипата на Фени Индустри.

Ова е дуел од групата Б во која утре Карпош Соколи ќе го пречека составот на Тирана екипа која ја предводи македонскиот тренер Слободан Петровски, а во која настапува и младинскиот македонски репрезентативец Лука Петровски.

Табела А група: Берое 3-0 (победи-порази), Куманово 2-0, Кожув 1-2, Тиват 1-1, Башкими 0-3 и Сигал Приштина 0-1.

Табела Б група: Фени Индустри 2-1 (победи-порази), Сутјеска 2-0, Трепча 1-2, Тирана 1-2, Пеќ 1-0 и Карпош Соколи 0-2.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос