Со натпреварот меѓу домаќинот Бразил и Чиле попладне од 18 часот во Бело Хоризонте започнува осминафиналната фаза на Светското фудбалско првенство.
Бразилците го освоија првото местово А групата, додека Чиле беше втор во групата Б.
Селекторот на Бразил Фелипе Сколари вели дека кај неговите избраници постои мал страв и нервоза, но тоа го смета за нормалана појава, а посебно што „кариоките“ се фаворити.
Од друга страна, чилеанскиот предводник Хорхе Сампаоили најави храбра игра и борба за секоја топка.
Во вечерниот термин од 22 часот на „Маракана“ во Рио де Жанеиро ќе се сретнат Колумбија и Уругвај.
Победниците од овие два натпревара ќе го формираат првиот четвртфинален пар.