Кошаркарите на Фенербахче со убедливи 80:64 (26:18; 13:16; 21:14 и 20:16) го победија Олимпијакос во финалето од Евролигата и го освоија вредниот трофеј, а Перо Антиќ стана првиот Македонец кој три пати ја освојувал титулата европски шампион.
За Фенербахче ова беше прв трофеј во елитното натпреварување, додека нивниот тренер Жељко Обрадовиќ ја запиша деветтата титула во најквалитетното континентално клупско натпреварување.
Екпе Јудо со 10 поени, девет скока 4 асистенции и 5 блокади беше најкорисниот играч на фајнал-фор турниротшто се играше во Истанбул.
Антиќ за осум минути во финалето постигна 4 поени, имаше по еден скок и асистенција.
Најефикасни во победничкиот состав беа Бојан Богдановиќ и Никола Калиниќ беа најефикасни со по 17 поени во составот на Фенербахче, кај Олимпијакос Кем Бирк постигна 14.