Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на денешната трка за Големата награда на САД што се вози на патеката во Остин. Тоа за него е прва пол позиција на трка во САД, а на последните четири трки има три победи.
Второ време во квалификациите одржани синоќа постигна неговиот клупски колега Нико Розберг, кој е лидер во генералниот пласман со 33 бодови повеќе од Хамилтон.
Во вториот ред ќе бидат возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен, а зад нив се двата болида од Ферари Кими Раиконен и Себастијан Фетел.
Почетокот на трката е во 21 часот.