Прва победа за Тетекс

Од:

Екипата на Тетекс ја постигна првата победа во Првата фудбалска лига откако попладнево славеше на гостувањето против Металург со 2:0. Ова воедно беше и единствената гостинска победа на досега завршените натпревари од 17.коло. Стрелци на головите за Тетекс беа: Алвеш (32.минута) и Симеон Христов (77).

Во Тетово Шкендија оствари убедлива победа од 5:0 на дуелот со Пелистер.

Другите два дуела од оваа рунда завршија без победник: Брегалница – Силекс 1:1 и Хоризонт Турново – Ренова 0:0.

Дербито на колото меѓу Вардар и Работнички се игра на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 17 часот.

Табела: Вардар 37 бодови, Работнички 34, Шкендија 30, Силекс 25, Металург 24, Ренова 23, Хоризонт Турново 21, Пелистер 18, Брегалница 13, Тетекс 6.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска