Прва победа за македонската репрезентација во претквалификациите за Мундобаскет 2023

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва забележа убедлива победа со 69:47 против Словачка.

На дуелот одигран во СЦ „Јане Сандански“ избраниците на селекторот Драган Бајиќ, уште од самиот почеток ја покажаа својата одлучност да ја забележат првата победа на претквалификацискиот „балон“ во Скопје. Македонците за разлика од завчерашниот меч со Швајцарија, одиграа пожртвувано, се бореа за секоја топка и на крајот заслужено се радуваа.

Капитенот Бојан Трајковски со 16 поени (четири тројки), Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли со по 12 беа најефикасните во победничкиот тим.

По завршување на првиот дел, трите репрезентации имаат по една победа и еден пораз.

Утре е слободен ден, а вторите меѓусебни средби, репрезентациите ќе ги одиграат на 16, 17 и 18 август.

Би можело да ве интересира

Квалификации СП: Шпанија пресилна за македонските кошаркари

А1он

Квалификации за СП: Македонските кошаркари на мегдан против светскиот првак Шпанија

Крстевски: Со максимална борбеност против Шпанија

А1он

Бајиќ со подмладен состав на дуелот со Шпанија

Мекиќ: Македонија пред своите навивачи секогаш е тежок противник

А1он

Бајиќ: Јас сум човек оптимист, верувам во она што го работам

Ана Ололовска