Прв триумф за Американецот Тревис Генонг

Од:

Американскиот скијач Тревис Генонг по убаво ќе го памети денешниот спуст што се одржа во Санта Катерина. Тој најбрзо ја мина патеката и постигна време од 1:32.42 минута и ова за него беше победа на натпревар во Светскиот куп. Второто место со 9 стотинки заостанување го освои Матијас Маер од Австрија, додека трет беше домашниот скијач Италијанецот Доминик Парис.

По четвртиот спуст во водство остана Кјетил Јансруд од Норвешка со 294 бодови, иако денеска го освои само 17. место. Третопласираниот Парис е на второто место со 220 бодови, додека денешниот победник Генонг и Стивен Ниман (САД) со по 191 бод се на делба на третото и четвртото место.

Јансруд е водечки и во генералниот пласман со 624 бодови, пред Марсел Хиршер со 576.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски