Прв гол и прва победа за Ренова во новата сезона

Од:

Фудбалерите на Ренова попладнево во првиот натпревар од 5. коло од Првата фудбалска лига ја постигнаа првата победа откако го постигнаа и првиот гол сезонава во Првата лига. Совладана беше екипата на битолски Пелистер со 1:0, а стрелец на голот беше Ненад Мишковски во 65.минута.

Со денешниот триумф Ренова се проби на шестото место на табелата.

Другите дуели од оваа рунда се играат утре со почеток во 15:30 часот, а двојките се: Скопје – Вардар, Победа – Академија Пандев,Работнички – Шкендија и Силекс – Шкупи.

Табела: Шкендија 10, Пелистер 8, Академија Пандев 7, Вардар 6, Силекс 6, Ренова 5, Шкупи 4, Победа 4, Работнички 2, Скопје 2.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска