Прв атлетски митинг за рекреативци

Од:

Во Арената Филип Втори во Скопје утре од 14 до 18 часот ќе се одржи првиот аматерски атлетски митинг „Скопје 2017“.

Атлетскиот митинг е наменет за сите оние кои го сакаат трчањето, рекреативно се занимаваат со трчање и спорт, се подготвуваат за Скопскиот маратон или пак сакаат да ги проверат своите можности и брзина во некоја од предвидените дисциплини.

Учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 метри, 400, штафета 4 по 400, една миља (1600 метри), 5.000, 10.000 метри и скок во далечина. Пријавувањето за учество е преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Првиот атлетски митинг за рекреативци е во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Атлетската Федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта