Француските власти пронашле дел од перниче на авионско седиште на плажата Сурајнвил, лоцирана на полуостровот Контентин.
Претходно, уште една воздушна перница беше пронајдена во истата област. Властите заклучија дека овие делови припаѓале на авионот, кој го носел напаѓачот на Кардиф, Емилијано Сала, кој се смета за исчезнат.
– Сега имаме идентификувано приоритетно подрачје за подводно пребарување со големина од околу 4 квадратни наутички милји. Ќе се обидеме да ги пронајдеме и да ги идентификуваме можните авионски остатоци. Пребарувањето ќе започне кон крајот на овој викенд поради временските услови, му кажал припадник на надлежните служби на новинар на Би-Би-Си.
Дваесет и осумгодишниот аргентински фудбалер Сала вечерта на 21 јануари тргнал со изнајмен авион од Нант кон Кардиф. На околу еден час пред слетувањето авионот исчезна од радарските екрани.