Во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, финалето на Европскиот Супер Куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, фудбалските фанови во Македонија ќе имаат прилика да се сликаат со највредните фудбалски пехари – Лига на Шампионите, Европска лига и Супер Куп.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави и распоредот на „Турнеја на трите трофеи на УЕФА“ трите пехари на УЕФА, според која на 1 август трите трофеи ќе бидат изложени во Тетово од 09.00 до 11.00 часот, а истиот ден можност да се фотографираат со пехарите од Лига на Шампиони, Европската лига и Супер Куп на УЕФА ќе имаат граѓаните на Охрид, како и туристите кои ќе бидат во посета на градот.
На 2. август, големиот македонски празник Илинден, трофеите ќе бидат во Битола од 10.00 до 12.00 часот и во Прилеп од 18.00 до 20.00 часот. Ден подоцна во истите термини домаќини на трофеите ќе бидат Неготино и Струмица, по што на 4 август трофеите ќе ги угостат Штип од 10 до 12 часот и во Куманово од 18 до 20 часот.
На плоштадот „Македонија“ во Скопје, големите трофеи на УЕФА ќе бидат изложени на 7 август од 11 до 19 часот и на 8 август (денот на одигрување на натпревраот во периодот од 11 до 16 часот.
ФФМ изготви и специјален промотивен материјал за оваа „Турнеја на трите трофеи на УЕФА“ во кој се појавува и капитенот на мекедонската репрезентација Горан Пандев кој вели: „Горд сум што сум амбасадор на овој најголем спортски настан кој се организиан во нашата земја. Се надевам дека ќе присиствуваме на едне голем натпревар и верувам дека ќе победи подобриот“.
Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе пристигнат на 7 август во Скопје, истиот ден ќе ги имаат официјалните тренинзи и прес-конференции, а натпреварот е закажан за 8 август во 20:45 часот.