Промотивна планинарска тура в недела на падините на Галичица

Од:

Во организација на Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ и Општина Охрид во недела ќе се одржи првото промотивно издание на планинската тура „Ohrid Outdoor Festival”, со излет на планината Галичица .

Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината Галичица, возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера.

Планинарска тура е предвидено да стартува во 8:30 часот од спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „Баба“ и пешачење до врвот „Лако сигној“ на 1.981 метри надморска височина, а во исто време од истото место стартува и велосипедска тура по падините на Петрино и Галичица преку Велестово, сртовите Крстец и Асанѓура.

По завршување на турите во 14:30 часот за учесници и за сите присутни во Охрид ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода на АРМ.

За безбедноста на учесниците за време на бесплатните тури ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид, со професионални водичи во планина.

Заинтересираните учесници треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а учеството може да го пријават на [email protected], со назнака за велосипедска или планинарска тура.

Би можело да ве интересира

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска