Ширум Македонија попладнево ќе се играат натпреварите од 11. коло во Првата фудбалска лига.
Шампионот Вардар гостува кај Победа, додека лидерот Шкендија го пречекува Шкупи.
Двојки за 11.коло од ПМФЛ:
Скопје – Академија Пандев,
Победа – Вардар,
Работнички – Пелистер,
Шкендија – Шкупи и
Силекс – Ренова.
Почетокот на сите натпревари е во 14 часот и 30 минути.
Табела: Шкендија 25 бода, Вардар 19 (2 натпревара помалку), Академија Пандев 17 (натпревар помалку), Силекс 14, Пелистер 12, Шкупи 12, Ренова 10, Победа 9, Работнички 7 (натпревар помалку) и Скопје 5.