Продолжува доминацијата на Превц

Од:

Словенецот Петер Превц ја забележа 12. победа оваа сезона и само еден триумф го дели од рекордот на Австриецот Грегор Шлирензауер кој стигна до 13 победи во една сезона.

Воедно за Превц ова беше 18. победа во кариерата, 17. подиум сезонава или 44-ти во кариерата.

Превц попладнево во Алмати, Казахстан, имаше скокови од 141 и 137,5 метри.

На второто место се пласира Михаел Хајбек од Австрија со скокови од 138 и 133 метри, а трет беше Северин Фројнд кој двапати прескокна 135 метри.

Пласман во Светскиот куп: Превц 1798 бодови, Фројнд 1199, Хајбок 1098, Кенет Гагнес 1044,…

До крајот остануваат уште седум натпревари, а најдобрите ски-скокачи утре уште еднаш ќе се натпреваруваат во Алмати.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски