Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари ќе биде организатор и домаќин на „Меѓународен турнир за млади категории КЛ7 2020“. На турнирот, покрај домаќинот ќе учествуваат и екипите на Вардар, Металург, Еурофарм и ПИК Сегед од Унгарија.
Екипите ќе бидат поделени во две категории: 2002 и помлади, 2004 и помлади.
Во првата категорија (2002) ќе се натпреваруваат: КЛ7, Пик Сегед, Металург и Еурофарм Пелистер.
Во втората категорија (2004) ќе се натпреваруваат: КЛ7, Пик Сегед, Вардар и Металург.
Турнирот ќе се игра во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Кисела Вода, а свечено ќе го отвори најпознатиот македонски ракометар Кирил Лазаров.