По повод Неделата на италијанскиот јазик и култура во Струмица, италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео на своја иницијатива оствари работна средба со претставници на Академија Пандев.
– На средбата присуствуваа Југослав Тренчовски, Џулио Грифони и конзуларниот претставник Стојан Витанов. Амбасадорот изрази голем интерес за Академија Пандев и италијанскиот интернационалец во нашите редови Џулио Грифони. Од клубот на подарок доби дрес од ФК Академија Пандев со потпис од Грифони како и дрес на Џенова од Горан Пандев, соопшти македонскиот фудбалски прволигаш.
Договорено е Италијанската амбасада да помогне во доведувањето на познато тренерско име како презентер и фудбалски тим кој ќе биде учесник на турнирот Пандев Куп 2018.