Претседателот на ИААФ ќе престојува во Македонија

Од:

Претседателот на Светската атлетска федерција (ИААФ), Лордот Себастијан Коу, в недела и вo понеделник ќе престојува во Скопје како специјален гостин на Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Лордот Коу доаѓа во Македонија по повододбележувањето на 70 години од постоењето наАФМ, а ќе присуствува и на централната свеченост в недела.

Претседетелот на АФМ, Крсто Серафимовски, наведе дека ова е првпат претседател на ИААФ да ја посети Македонија.

– Лордот Коу е една од највисоките личности во светот на спортот воопшто и неговото доаѓање во Скопје и во Македонија е голема чест и признание за нас, истакнаСерафимовски.

Високиот гостин предвидено е да се сретне со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, претседателот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, како и со други личности од спортот и од општествениот живот на Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта