Претседателот на ФИФА повикува на прекин на огнот во Украина за време на Светското првенство во фудбал

Од:

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денеска повика на едномесечен прекин на огнот во Украина, за време на Светското првенство во Катар.

– Мојот апел до сите е да размислат за едномесечен привремен прекин на огнот за времетраењето на Светското првенство, рече Инфантино на ручекот со лидерите на Г20 на индонезискиот остров Бали.

Тој ја пофали обединувачката улога на фудбалот, потсетувајќи дека Русија беше домаќин на Светското првенство во 2018 година и дека Украина е кандидат заедно со Шпанија и Португалија за домаќин на првенството во 2030 година.

– Не сме толку наивни да мислиме дека фудбалот може да ги реши проблемите на светот. Но, Светското првенство нуди единствена платформа, со проценета бројка од пет милијарди гледачи. Да ја искористиме оваа можност да направиме сè што е можно за да ставиме крај на сите конфликти, додаде тој.

Пред натпреварувањето, кое започнува на 20 ноември, Катар се соочи со критики за односот кон работниците мигранти, жените и ЛГБТК+ заедницата.

Во Катар ќе се натпреваруваат 32 екипи, од поранешните победници Бразил, Германија, Аргентина, Франција и Шпанија до Јапонија, Сенегал, Костарика и Саудиска Арабија, со вкупно 64 натпревари.

Светското првенство в недела ќе го отворат Катар и Еквадор со почеток на натпреварот во 17 часот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ