Фудбалските прволигаши попладнево со почеток во 17 часот ќе ги одиграат натпреварите од 32. претпоследно коло.
Фудбалерите на шампион Вардар, доколку победат на стадионот „Железарница“ ќе ја одбранат шампионската титула.
„Црвено-црните“ гостуваат кај еден од конкурентите за шампионскиот пехар, тимот на Металург.
Во Турново, Хоризонт го пречекува Работнички и со евентуална победа и со кикс на лидерот Вардар, ќе добие шанса за шампионската титула да се бори во последното коло против Вардар во недела.
Двојки од 32.коло: Металург – Вардар, Хоризонт Турново – Работнички, Напредок – Брегалница, Шкендија – Пелистер (играат во Гостивар), Ренова –Дрита и Тетекс – Силекс (играат на стадионот во Ѓорче Петров). Табела: Вардар 64, Хоризонт Турново 60, Металург 59, Работнички 50, Шкендија 44, Брегалница 43, Ренова 41, Напредок 37, Дрита 36, Пелистер 34, Силекс 22, Тетекс 22.