Преминувањето на Азар во Реал може да предизвика синџир на трансфери низ цела Европа

Од:

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар вчера призна дека веќе донел одлука за својата иднина. Во изминатиов период, белгискиот репрезентативец постојано е поврзуван за трансфер во Реал Мадрид, а самиот играч не ја крие желбата да премине на „Сантијаго Бернабеу“. Азар одби неколку предлози од лондонскиот тим за нов договор, и досега знаците укажуваат на тоа дека ќе ја продолжи својата кариера на друго место. Најверојатно во Реал, за кого сонувал уште од мал.

Таквиот договор, сепак, ќе предизвика неверојатен синџир на други трансфери, пресметаа на Истровот. Постојат голем број на клубови кои ќе имаат корист од таков мега договор. Пристигнувањето на Азар на „Бернабеу“ би можело да стави крај на престојот на Иско, чија иднина не е јасна во овој момент, бидејќи тој не игра редовно. Тој може да биде испратен во Челзи како дел од договорот – пари плус играч. Исто така, Матео Ковачиќ, кој моментално е на позајмица во Лондон, може да остане постојано во тимот.

Ова од друга страна би можело да го убеди Челзи да се раздели со младиот Хадсон-Одој, кој одбива да го продолжи договорот, а до крајот на актуелниот остануваат 18 месеци. Освен тоа, од Баерн Минхен се подготвени со понуда во вредност од 45 милиони фунти за него и се исклучително постојани во својот интерес за фудбалерот.

Ако се случи тоа, тогаш Хамес Родригез едвај ќе остане кај баварците. Според медиумите во земјата, сериозен интерес кон него има од Јувентус. Дури неговиот поранешен соиграч во Реал Мадрид и најголемата ѕвезда на „бјанконерите“, Кристијано Роналдо веќе разговарал лично со него, бидејќи тимот си бара нов број 10.

Според „Сан“, од Мадрид ќе се обидат да се засилат со Пауло Дибала. Од Јуве би се разделиле со него, откако гледаат добра замена во Хамес. Сепак, Дибала во Мадрид ќе предизвика многу проблеми за Герет Бејл, чија иднина постојано се доведува во прашање. Голем фаворит за него отсекогаш бил Манчестер Јунајтед.

Од Реал сепак не би оставиле туку така сличен трансфер да се случи и веднаш би се обиделе да го привлечат Маркус Рашфорд, а според англискиот таблоид, износот што „кралевите“ се подготвени да го дадат за него е 100 милиони фунти.

Дали ќе се остварат сите овие трансфери и дали во Англија се добри прогнозери – ќе мора да почекаме до летото за да дознаеме.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ

Канте наскоро се враќа во Челси, ќе добие и продолжување на договорот