Премиер лигата создаде тим за борба против расизмот

Од:

Раководството на Премиер лигата создаде тим од поранешни и актуелни играчи за борба против расизмот. Последниве денови, оваа тема беше особено важна на Островот заради испадите на група фанови за време на натпреварот меѓу Бугарија и Англија во понеделникот (0:6).

Средбата на националниот стадион „Васил Левски“ во Софија беше прекината двапати од главниот судија поради расистички скандирања од трибините насочени кон темнокожите играчи на гостите.

Премиер лигата формираше таканаречена советодавна група BAME (black, asian, and minority ethnic) – црни, азиски и етнички малцинства

Во оваа група, предводена од менаџерот на Донкастер Роверс, Дарен Мур, се вклучени и Вес Морган, Рахим Стерлинг, Тами Абрахам, Трент Александар-Арнолд, Хјун Мин Сон, Темеу Пуки, Џордан Пикфорд, Калум Вилсон, Иан Рајт, Џулијан Лескот и Шола Амеоби. Овие реномирани личности ќе ги советуваат фудбалските власти и ќе бидат прикажани и во реклами во рамките на кампањата „No Room For Racism“.

Дисциплинскиот одбор на УЕФА ќе го разгледа случајот против Бугарија на 28-ми октомври. Бидејќи ова не е прво обвинување против Бугарија за расизам и поради големиот меѓународен фидбек, казната од УЕФА се очекува да биде доста тешка.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига